Search

Да се внимава кога се читаат информациите поврзани со работењето на банките

Македонската банкарска асоцијација ја известува јавноста дека изминатите денови е присутна појава на објави со неточни информации за поединечни банки, коишто можат да предизвикаат неоснована вознемиреност кај граѓаните.

Објавувањето на невистини преку социјалните мрежи може да внесе непотребна паника и да има особено штетно влијание на перцепциите на граѓаните за банките.

Во овие и онака тешки времиња кога се справуваме со кризата предизвикана од COVID-19, овие тенденции доведуваат до бројни дезинформации кои ги збунуваат и вознемируваат граѓаните.

Во таа смисла, како Македонска банкарска асоцијација препорачуваме особено да се внимава кога се читаат информациите поврзани со работењето на банките, односно да се прифаќаат за точни и веродостојни само информациите од официјални и проверени извори.

 

Треба да знаете
Последни објави