Search

Да не помислува извршителот Мицкоски да ја злоупотребува националната и родова припадност на Мизрахи, Уставот и законите важат за сите подеднакво

Да не помислува извршителот Мицкоски да злоупотребува пол, национална, етничка припадност, висина, како што тоа го направија пратениците на ВМРО-ДПМНЕ осомничените Милошоски и Димовски.
Тие навреди и лаги полни со насочена омраза на национална, етничка и родова основа кои ги искажа ВМРО-ДПМНЕ во Собраниската сала и преку медиумите под нивна контрола покажува колку се во паника извршителите на Груевски.
Победи владеењето на правото и заштитата на Уставот, победи заштитата на стечајците, на иднината на државата и членството во НАТО и ЕУ.
Никој не смее да го крши Уставот и да се обидува да ја враќа земјата назад, да ја оддалечува од НАТО и ЕУ.
Пред Уставот и законот сите се исти. Уставот важи за сите подеднакво.
Северна Македонија мора да биде правна држава, рамо до рамо со европските демократски држави.
Треба да знаете
Последни објави