Search

Да не дозволиме оваа “техничка” ситуација во министерството да ги наруши капацитетите и довербата која граѓаните ја имаат во полицијата

Изминативе месеци поминавме тежок и напорен период во кој се поставивме единствено во интерес на граѓаните и државата, онака како што доликува на припадници на Министерството за внатрешни работи.

За жал борбата со КОВИД 19 сеуште не е завршена и нашата задача не е исполнета.

Свесни сте дека во овој период на техничка Влада се соочивме со многу невообичаени и несекојдневни ситуации. Добро се сеќаваме на кризните ситуации кои за малку што не ескалираа а беа предизвикани од инсистирањето по секоја цена да се направат кадровски промени во министерството. Со наша помош и залагање ова се реши.

Но, тензиите не стивнаа и понатаму. Се направија кадровски промени на сите дисциплински комисии и тоа повторни без дијалог. Советници кои не припаѓаат на Бирото за јавна безбедност и се дел од политичките кабинети се појавуваат во организациски единици за кои не се надлежни и тоа создава збунетост кај Вас.

Токму во овие моменти на политички борби Вие имате обврска да се издигнете над политиката и да не дозволите партиски влијанија да Ве водат.

Да не дозволиме оваа “техничка” ситуација во министерството да ги наруши капацитетите и довербата која граѓаните ја имаат во македонската полиција.

Треба да знаете
Последни објави