Search

Да не го давиме Белград: Режимот манипулира со оправданиот гнев на луѓето

Иницијативата „Да не го давиме Белград” оцени дека синоќешните настани во Белград биле „добро режирана претстава на режимот со цел луѓето да се вовлечат во конфликти и незадоволството на граѓаните како да се прикаже како насилно”.

Од иницијатива оценија дека граѓаните биле „оправдано лути” и дека „режимот се обидел да манипулира со тој гнев со вметнување на свои провокатори”.

– Многу пати сме биле сведоци на манипулации на Српската напредна партија (СНС) на протести и бидете сигурни дека синоќешниот хаос е предизвикан од провокатори. Се надеваме дека денес на сите им е јасно колку е длабока узурпацијата на нашето општество од овој криминален режим на СНС, се вели во соопштението. ј

Треба да знаете
Последни објави