Search

„Да го направеше тоа Мурињо, ќе го казнеа со 25 натпревари“

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп е казнет со 8 илјади фунти поради начинот на кој го прослави голот на Дивок Ориѓи на градското дерби против Евертон минатиот викенд.

Клоп беше симболично казнет од страна на Фудбалскиот сојуз на Англија поради тоа што после голот во 96-та минута, истрча на теренот и прославуваше заедно со голманот Алисон Бекер.

„Не сакав тоа да го направам, но ме понесоа емоциите. Не е проблем да ја платам казната, да признаам дека сум погрешил, но не мислам дека тоа е голема грешка. Дури ниту судијата не забележа дека сум на теренеот. Во ред, ќе ја платам казната, се извинив, одиме понатаму“, изјави Јирген Клоп.

Свој коментар околу казната на Клоп даде и Пол Мерсон, поранешен фудбалер кој сега работи како стручен коментатор.

„Да го направеше тоа Мурињо, ќе беше казнет со 25 натпревари“, изјави Мерсон.

Треба да знаете
Последни објави