Search

„Дајмлер“ ќе отпушти 1.100 менаџери и директори

Германскиот производител на автомобили „Дајмлер“ ќе укине 1,1 илјади менаџерски позиции ширум светот, пишуваат германските медиуми.

Портпаролот на компанијата одбил да ги коментира наводите.

Новиот главен извршен директор на „Дајмлер“, Ола Калениус, треба на 14 ноември да ја објави ажурираната стратегија на компанијата, која може да вклучува мерки за намалување на трошоците.

Од компанијата претходно соопштија дека прават анализа на трошоците со цел овој производител на автомобили, камиони и автобуси да остане конкурентен со понатамошен напредок во работењето. Детали за стратегијата ќе бидат откриени во наредните денови.

Компанијата претрпе нето загуба од 1,2 милијарди евра во вториот квартал од годинава, што е прва квартална загуба за десет години.

Треба да знаете
Последни објави