Search

Дајана Принс ќе биде „осамена“ во Wonder Woman 1984

Продуцентот Чарлс Ровен открива дека во продолжението на Wonder Woman – со Гал Гадот во улогата на суперхероината или жената чудо  – нејзиното алтер его ќе се бори да се справи со очигледната смрт на Стив Тревор (Крис Пин).

Бесмртноста на Дајана Принс значи дека таа изгубила други сојузници имајќи го предвид фактот дека вториот филм се снима речиси 70 години по првиот.

Во изјава за „Ентертејмент викли“Ровен рече: „Таа не само што го загуби Стив Тревор. Таа ги загуби речиси сите луѓе што ѝ значат бидејќи тие не се бесмртни, а нејзиниот живот е всушност многу осамен и спартански.“

 

„Всушност, единствена радост за неа е тоа што го прави за луѓето, доколку може да им помогне на оние кои имаат потреба од помош.“

Во меѓувреме, Гадот ја откри хемијата што ја има со Крис и го пофали затоа што прифатил различна родова динамика на франшизата.

Израелската актерка Гал Гадот ја игра главната улога во блокбастерот, но и во вистинскиот живот таа е вистинско чудо од жена.

Гадот е мајка на две деца, била Мис на Израел, студирала право, работела во Армијата како инструкторка за боречки вештини, а додека го снимала филмот била во петтиот месец од бременоста.

Треба да знаете
Последни објави