Search

Дашмир Елези меѓу новите фудбалски ѕвезди во избор на „Гардијан”

Угледниот британски весник „Гардијан” го вброи членот на македонската фудбалска  репрезентација за играчи до 19 години Дашмир Елези од редовите на тетовска Шкендија меѓу новите светски ѕвезди кои доаѓаат на сцената. Елези, кој идниот месец ќе наполни 17 години, се најде во потесниот избор на „Гардијан” во друштво на други 59 најталентирани фудбалери во Европа родени во 2004 година.

Опишувајќи го како привлечен за гледање поради својата завидна техника, брзина и интелигенција на теренот, „Гардијан” наведува дека Елези веќе на своето прволигашко деби минатата сезона во дресот на Шкендија се запиша во листата на стрелци и ги покажа своите голгетерски способности.

– Оттогаш одигра 30 натпревари за својот клуб и постигна седум голови, иако пред него има уште простор за напредок, пишува „Гардијан”.

Треба да знаете
Последни објави