Search

Дачиќ: Србија ќе бара почитување на Резолуцијата 1244

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека Белград на вонредната седница на Советот за безбедност на Обединетите Нации ќе бара да се почитува Резолуцијата 1244.

Тој наведе дека резолуцијата предвидува демилитализирање на сите воени формации на косовските Албанци, како и дека очекува оти во Њујорк ќе бидат сослушани сите аргументи на Србија што ќе ги изнесе српскиот претседател, Александар Вучиќ.

Дачиќ нагласи дека е многу важно да се види каков став имаат челниците на Советот поради кршењето на резолуцијата 1244, како и да се осуди потегот на Приштина за формирањето на војската.

Треба да знаете
Последни објави