Search

Дачиќ: Приштина го поништи Бриселскиот договор

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ оцени дека досега не е објавен некој документ, кој повеќе се противи на дијалогот и компромисот, од Приштинската платформа за преговори.

– Со ова, тие го поништувааат договорот од Брисел и се враќааат на периодот пред него. Меѓутоа оваа платформа нема значење за нас, ниту ја прифаќаме, ниту ќе спроведеме што било од неа. Таа е показател за тоа колку се против компромисното решение. Меѓународната заедница пред ова ги затвора очите, изјави Дачиќ за ТВ Пинк.

Според Дачиќ, овие чекори на Приштина довеле до целосно прекинување на дијалогот, а ставот на Белград е дека дијалогот може да продолжи само по укинување на таксите за увоз на српски стоки во Косово.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, тој потсети дека никој не кажал дека постојат рокови, но имало некои очекувања поврзани со европските избори и подготовките за изборите во САД, што, како што оцени, се закана за враќање на власт на силите кои се апсолутно против дијалог и кои се залагааат само за признавање на независноста.

– Мислам дека ова прашање мора да се реши, а доколку до 2025 година немаме договор, тешко дека ќе станеме членка на ЕУ, рече Дачиќ.

Тој истакна дека САД имаат интерес таксите да се укинат и да продолжи дијалогот, бидејќи сакаат за себе политичка корист.

– Некои земји на ЕУ тоа не го сакаат и му велат на (косовскиот премиер) Рамуш Харадинај да не ги укинува таксите. Тие сакаат да продолжи дијалогот и кога сите ќе седнат на преговарачка маса, тогаш да се укинат таксите, додаде Дачиќ.

Тој потсети дека Велика Британија не ги осудува потезите на Приштина и е на ставот дека нема промена на границите, додека Германија не се согласува со промена на границите, но не го поддржува тоа што го прави Харадинај.

– Велика Британија, според нашето мислење, го охрабрува Харадинај да не ги укине таксите. Ним не им се допаѓа идејата за компромис и што не се водечки фактор. Не размислуваат дека треба да се реши ова прашање. Предлагаат решенија според кои ние треба да го признаеме Косово во рамките на постоечката граница и северно Косово да има широка автономија, нагласи Дачиќ.

Српскиот министер за надворешни работи истакна дека Србија нема да дозволи напади врз Србите во северно Косово.

– Ова нè доведува во вител со сосема неизвесен крај. Тоа е голема закана и ние посочувавме дека ваквиот потег на Приштина е доказ оти тие не сакаат дијалог, туку сакаат да го добијат не само цело Косово како независна држава, туку и да припојат и неколку општини од југот на Србија, смета Дачиќ.

Тој нагласи и дека Србија ги предупредила КФОР и НАТО оти ќе интервенира ако бидат нападнати Србите во Косово.

– Србија нема да дозволи напади врз Србите во северно Косово. Се разбира, нема да дозволи напад на целата територија на Косово, но северот е нивна опсесија, заклучи Дачиќ

Треба да знаете
Последни објави