Search

Дачиќ за новата функција претседател на Собранието во Србија му се заблагодари на Вучиќ

За секој политичар што гради држави, најголема чест е да биде на чело на највисокото претставничко тело и носител на уставната и законодавната власт, изјави вечерва Ивица Дачиќ откако беше обелоденето дека ќе ја преземе фунцијата претседател на Собранието на Србија.

Оваа рокада на функцијата за досегашниот министер за надворешни работи Дачиќ, ја соопшти претседателот на Србија и на победмничката партија СНС, Александар Вучиќ.

Дачиќ му се заблагодари на Вучиќ за тој предлог, со порака дека само „обединета Србија може да одговори на предизвиците што ќе не очекуваат во наредниот период“.

„Заедно со претседателот на Република Србија и Владата на Република Србија, Националното собрание ќе даде клучен придонес во развојот и иднината на Србија, со целосно единство што обезбедува стабилност и просперитет на земјата“, изјавил Дачиќ.

Треба да знаете
Последни објави