Search

Дачиќ во посета на Кина да изрази „солидарност за борбата со демонската болест”

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ денеска во Пекинг се сретна со својот кинески колега, министерот за надворешни работи, Ванг Ји, наведува српското МНР.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, целта на посетата на Дачиќ е, како што самиот кажа”, „солидарноста на Србија со Кина и кинескиот народ во борбата против оваа демонска болест, како што коронавирусот е наречен од кинескиот претседател Си Ѓинпинг.”

Според српсакото МНР, Дачиќ, изразил задоволство што е првиот министер за надворешни работи кој ја посетил Кина, „која е на браникот на одбраната на целиот свет во борбата против овој вирус.”

-Не радува информацијата за опаѓањето на бројот на заразените на национално ниво, зголемувањето на бројот на излечени и се помалиот број на заразени надвор од провинцијата Хубеи, изјавил Дачиќ на средбата со кинескиот колега, информирајќи го дека Србија ќе и упати мединцинска помош на Кина.

Дачиќ најави дека ќе ја посети Кина и потврди дека претседателот Алекандар Вучиќ на 15 и 16 април ќе учествува на Самитот на Кина и земјите на централна и западна Европа.

Треба да знаете
Последни објави