Search

Датумот е заслужен, но одлуката зависи од календарот на носење одлуки во ЕУ

Ние нашите задачи ги завршивме речиси во целост и ја префрливме топката на теренот на ЕУ. Според Извештајот на ЕК има доволно аргументи Советот на министрите во понеделник и вторник да донесат позитивна одлука за почеток на преговорите, но таа одлука не зависи само од овој Извештај туку од потешкотиите во дефинирањето на календарот  за носење на одлуките заради внатрешните задачи што и престојат на ЕУ.

Ова го истакна советникот за евроатлантска интеграција во канцеларијата на премиерот и главен технички преговарач Бојан Маричиќ во воведното излгање на денешната презентација на Компаративната анализа на извештаите на ЕК за напредокот на нашата земја за последните три години изработена од ЕВРОТИНК и Фондацијата Отворено општество-Македонија.

Посочи дека Владата по носењето на Извештајот спроведе интензивна дипломатска офанзива во сите поголеми градови во Европа и Брисел за лобирање со цел започнување на преговорите ова лето, каде главен аргумент е рече, оценувањето на земјата според индивидуалните заслуги наведувајќи ги меѓу другото и решените спорови  со Грција и со Бугарија, имплементацијата на договорот од Преспа.

-Годината 2019 јас ја гледам како година на почеток на преговори. Од сите контакти на сите важни адреси ниту една држава не изразила резерва дека РСМ не треба да ги почне преговоирте оваа година. Дилемите околку календарот за носењето на одлуките произлегуваат од други извори, од состојбата во Албанија, од состојбата со договарањето на институционалната рамка на ЕК, претседател на Парламент, претседател на Европскиот совет…Така што ние немаме дилеми дека кога и да се донесе одлуката за нас ќе биде позитивна. Имаме легитимни очекување и после денешната средба во Берлин дека оваа година сигурно ќе добиме одлука и датум за почеток на преговорите, рече Маричиќ.

Според Љупчо Петковски извршен директор на ЕВРОТИНК, главниот аргумент на политичките елити во Германија и Франција и други држави зошто имаат резерви кон проширувањето е порастот на десничарскиот популизам во Европа, но вели, против него не може да се изборите со запирање на проширувањето. Втора причина е и фактот што наскоро во Грција ќе има нова Влада.

-Знаеме дека Преспа е најсилниот аргумент со кој нашата држава може да пристапи и да бара да се одблокираат процесите. Ќе има нова влада која што не е многу наклонета на Преспа. Знаеме дека имплементацијата на Преспанскиот договор, зависи од динамиката на пристапување на Македонија кон Европа, така што повторно би ја упатил таа порака дека е битно не само симболички да се отворат преговорите туку е и многу практичен акт, во спротивно нема да биде казнета само нашата Влада, туку нашето општество рече Петковски.

Фани Каранфилова-Пановска од Фондацијата Отворено општество истакна дека Компаративната анализа насловена „Датум за реформи 2016-2019″ покажува голем напредок од 2016 до 2019 година во сите поглавја и во однос на политичкиот и на економскиот критериум, особвено во делот на борбата со корупцијата и организиратниот криминал, безбедносните служби, реформата на јваната администрација и владеењето на правото каде има забележителен напредок.

-Тоа не наведува на заклучокот и инсистирањето да Европскиот совет закажан за јуни, доколку не определи тогаш датум за почеток на преговорите, во своите заклучоци државите членки да направат напори и од ЕК да побараат да определи прецизна временска рамка за отпочнување на преговорите и одлука за датум за преговори да се донесе во октомви, кога е планиран следниот Европски совет, рече Каранфиловска – Пановска

Треба да знаете
Последни објави