Search

Дастин Поире во болница, се заразил со опасна бактерија

Борецот на УФЦ во лесна категорија, Дастин Поире, моментално е во болница, а на социјалните мрежи сподели страшни фотографии од неговата моментална состојба. Имено, Дастин е заразен со стафилокока, бактерија која е честа појава во боречките сали.

Ако практикувате некои боречки вештини, особено оние засновани на борење сигурно сте виделе барем една личност која ја собрала оваа бактерија во теретана. Се манифестира со рани на површината на кожата кои можат да станат подлабоки, а Дастин добил прилично тешка форма.

Иако не се знае точно кога се заразил борецот, тој веќе неколку дена објавувал „приказни“ од болницата, но не било сигурно за што точно се работи. Денеска на социјалните мрежи сподели фотографии од заразената нога.

Луѓето обично се опоравуваат од стафилокока, но понекогаш тоа може да доведе до состојба опасна по живот.

Треба да знаете
Последни објави