Search

Дарко Каевски нов претседател на Социјалдемократската младина на Македонија

Дарко Каевски нов претседател на Социјалдемократската младина на Македонија

Социјалдемократската младина на Македонија денеска на конвенција го избра Дарко Каевски за нов претседател.

Каевски беше единствен кандидат, а тој доаѓа на местото на досегашниот претседател Стефан Богоевски.

Тој рече дека младите се за европска Македонија и оти тоа ќе го покажат на 30 септември.

– Пред нас се клучни денови за нашата иднина. Имаме историска шанса да ја обезбедиме иднината како полноправна земја членка на НАТО, а потоа и на Европската унија. За тоа е потребен успешен референдум на кој граѓаните ќе се определат За европска Македонија, истакна Каевски.

Треба да знаете
Последни објави