Search

Дански Закон за вонредна состојба: Двојна казна за дела поврзани со Ковид-19, протерување на странските криминалци

Мнозинството дански политички партии поддржаа закон за двојна казна за криминалцитр кои ја искористуваат епидемијата на новиот коронавирус Ковид-19 за лична корист, пренесува весникот „БТ“.

На иницијатива на национал-конзервативната Данска народна партија и Нова десница, оригиналниот предлог-закон беше проширен за да вклучи и протерување на странските криминалци.

Поранешната министерка за имиграција, Ингер Стојберг, потпретседател на либерално-конзервативната партија Венстреи спонзор на првиот закон, рече дека е задоволна од дополнувањата.

„Верувам дека овој предлог-закон е подобрен со амандманите со на Данската народна партија и Нова десница, и затоа го поддржуваме“, изјави Стојберг за „Ден Корте Авис“.

„Мојот главен став, како и оној на Венстре, е дека како странец, очигледно имате особена обврска да не извршите кривично дело додека сте во Данска. Затоа, зајакнувањето во таа сфера е правично и разумно.“

Законот беше поддржан и од владејачката Социјалдемократска партија.

„Слободно можеме да кажеме дека парламентот најде големиот чекан и го користи против оние што измамуваат“, рече министерот за правда, Ник Хекеруп, за Данското радио.

Сепак, законот наиде и на отпор. Социјал-либералната партија и Црвено-зелената алијанса гласаа против. Алијансата ги поддржува двојните казни, но не се согчасува со клаузулата за протерување.

„Не сакаме да ја поддржиме поделбата во општеството. Сакаме да го поддржиме единството против кризата со коронавирусот, сакаме да ја поддржиме солидарноста и затоа гласаме против овој предлог “, рече Сорен Сондергард.

Законот вклучува и построги казни за луѓето што ќе се обидат да го злоупотребат пакетот помош тежок милијарди што владата го одобри за да им олесни на погодените бизниси и да им помогне да ја надминат кризата. За овој вид кривично дело се предвидуваат четворкратно поголеми казни

Спорден завршната клаузула, важноста на новиот закон истекува на 1 март 2021 година.

Треба да знаете
Последни објави