Search

Данска ќе ги испраќа мигрантите со досие на ненаселен остров

Данска планира мигрантите со полициско досие да ги испрати на ненаселен остров на кој едни ќе чекаат депортација, а други ќе останат на неодредено време поради состојбата на сопствените домови и не можат да бидат вратени во нив.

Данскиот парламент денеска ја усвои пресметката за 2019 година во која е вклучен и предлогот мигрантите со казнена евиденција да се сместат на остров, кој претходно се користел за научни истражувања.

Планот го критикувал претставникот на ОН за човекови права, а некои во Владата го гледаат тоа како јакнење на противмиграциските ставови.

„Луѓето сметаат дека тоа не е решение на вистинските проблеми“ рекол Микаел Смед, градоначалник на Вордингборг, општината во која се наоѓа островот.

Владата има намера на казнениот остров да испрати стотина луѓе од кои дел многу брзо ќе биде депортиран, а ќе останат оние кои не може да бидат протерани бидејќи во нивните земји им се заканува мачење или убиство.

Треба да знаете
Последни објави