Search

Данска се пласира на Мундијалот, Унгарија ја запре Англија, победа и на Србија

Фудбалската репрезентација на Данска славеше со минимални 1-0 против Австрија во рамки на групата Ф и на две кола до крајот на квалификациите обезбеди пласман на Светското првенство во Катар идната година.

Јоаким Меле беше стрелец на победничкиот гол за Данците во 53.минута. Оваа селекција има перфектен ефект досега во квалификациите со осум победи на осум натпревари со гол разлика 27-0.

Во дербито на групата И, Англија и Унгарија ремизираа 1-1 на „Вембли“. Гостите први поведоа од пенал преку Роланд Салаи во 24.минута, но Џон Стоунс успеа да израмниа во 37.минута.

Португалија немаше проблеми против Луксембург и славеше со убедливи 5-0. Хет-трик постигна Кристијано Роналдо.

Група А
Србија – Азербејџан 3-1
Португалија – Луксембург 5-0

Група Б
Косово – Грузија 1-2
Шведска – Грција 2-0

Група Ц
Литванија – Швајцарија 0-4
Бугарија – С. Ирска 2-1

Група Д
Украина – БиХ 1-1

Група Ф
Фарски О. – Шкотска 0-1
Израел – Молдавија 2-1
Данска – Австрија  1-0

Група И
Англија – Унгарија 1-1
Албанија – Полска 0-1 (прекин 78′)
Сан Марино – Андора 0-3

Треба да знаете
Последни објави