Search

Данска сака засилен надзор над Арктичкото Море поради Русија

Данската Влада сака да ја зголеми воената контрола врз Арктичкото Море и воздушниот простор како одговор на зголемената руска активност во регионот. Тоа го нагласи премиерката Мете Фредериксен во пресрет на самитот на НАТО во Лондон.

„Забележуваме зголемување на руското присуство околу Арктикот”, рече Фредериксен во интервју за весникот „Берлингске” додека лидерите на НАТО се собираа во Лондон.

Таа предложи зајакнување на „против-подморничкиот капацитет, како и надгледување на воздушниот простор над Арктикот со употреба на радари, сателити и авиони.

Мете Фредериксен рече дека планот, за што е потребно одобрување од Парламентот, нема да бара дополнителни трошоци, но ќе изнесува 1,5 милијарди дански круни (200 милиони евра) од постоечкиот воен буџет на државата

Треба да знаете
Последни објави