Search

Данска сака да ги забрани кесите за еднократна употреба

Акциониот план на Данска за намалување на пластиката содржи предлог за забрана на тенките, провидни кеси за една употреба, пренесува „Локал“. Според планот ќе биде забрането и бесплатното давање кеси во маркетите.

Овие иницијативи ќе ја намалат употребата на кеси за еднократна употреба и ќе не натераат да  размислиме колку кеси ни требаат кога одиме на шопинг”, изјави министерот за животна средина и храна, Јакоб Елеман-Јенсен.

Данската стопанска комораа го поддржува предлогот.

„Ја поддржуваме идејата дека кесите не треба да бидат бесплатни. Кога кесите се наплаќаат, стануваат производ на кој клиентите му придаваат вредност, а тоа резултира со почит и поттик за повторна употреба “, изјави портпаролот за екоплошка политика на организацијата, Јакоб Лам Цујтен.

„Пластик чејнџ“, лоби група за намалување на употребата на пластиката, вели дека кесите не треба да бидат бесплатни.

Многу е добро што ќесите ќе чинат пари бидејќи тоа ќе натера повеќе луѓе да речат ‘не’”. Би било одлично да се забранат кесите со рачки за еднократна употреба “, изјави шефот за комуникации Лисбет Енгбо.

Кесите за повеќекратна употреба веќе се наплаќаат  во данските супермаркети, а островите Самсо и Мон комплетно ги отстранија кесите од продавниците.

Треба да знаете
Последни објави