Search

Данска, Романија, Шведска… денеска играат мечеви за подобра позиција во пресрет на последните 90 минути

Квалификациите за јубилејното Европско фудбалско првенство кое во 2020 година ќе се одржи во 13 градови ширум „стариот континент“ влегуваат во завршна фаза. Денеска на програмата се осум натпревари од претпоследното коло во групите Д, Ф и Ј кои треба да донесат подобра позиција и појасна слика за селекциите на Данска, Романија, Шведска пред да се играат последните деведесет минути од овој квалифиакциски циклус.

Во Д групата, Данска ќе има лесна задача против аматерскиот состав на аутсајдерот Гибралтар. Со прокнижување на очекуваните три бода Данска ќе ја преземе првата позиција во групата, каде сега се ко-лиидери со Ирска со по 12 бодови. Овие две репрезентации во последното коло играта меѓусебе, Ирска е домаќин, но Данска може решавачките 90 минути да ги дочека со два бода предност, па и реми да и заврши работа на последниот меч. Од сенка кикс на водечката двојка очекува Швајцарија која е третопалсирана во групата со еден бод помалку (има 11) и денеска ја пречекува селекцијата на Грузија.

Лидерот во Ф групата Шпанија (20 бода) има обезбеден настап на ЕП. Во последните две кола ќе игра за сопствениот рејтинг, но и да го скрои конечниот изглед на табелата, бидејќи во последната рунда ја пречекува Романија, кандидатот за втората позиција. Романија вечерва ја пречекува  Шведска во Букурешт и треба да се избори за подобра позиција во последните 90 минути, кои ќе ги игра со „црвената фурија“ во Мадрид.

Многу помала неизвесност ќе има на денешните натпревари од Ј групата, каде Италија веќе има верификуван настап на завршницата од ЕП со максимален скор од осум настапи со осум победи, а Финска последните две кола ги дочекува со предност од пет бода пред  Ерменија и БиХ. Теоретските шанси за Ерменија и БиХ, можат да згаснат уште вечерва доколку Финска ја потврди фаворитската улога против аутсајдерот Лихтенштајн пред своите гледачи.

ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕСКА

Група Д – Данска – Гибралтар (20.45 ч.), Швајцарија – Грузија (20.45 ч.)

Табела: Ирска 12 бода, Данска 12, Швајцарија 11, Грузија 8, Гибралтар 0.

Група Ф – Норвешка – Фарски Острови (18 ч.), Шпанија – Малта (20.45), Романија – Шведска ((20.45).

Табела: Шпанија 20 бода, Шведска 15, Романија 14, Норвешка 11, Фарски Острови 3, Малта 3.

Група Ј – Финска – Лихтенштајн (18 ч.), Ерменија – Грција (18 ч.), БиХ – Италија (20.45 ч.)

Табела: Италија 24 бода, Финска 15,  Ерменија 10, БиХ 10, Грција 8, Лихтенштајн 2.

Треба да знаете
Последни објави