Search

Данска воведува возови на батерии

Од следната година Данска ќе има возови на батерии на своите пруги. Ваквите возови треба да се најдат на две железнички пруги, пренесува „Анадолија“.

Министерот за транспорт Бени Енгелбрехт постигна договор со регионалните власти на Копенхаген, Зиланд и Централен Јутланд да пуштат во работа пробни возови на батерии.

Експеримент со нови возови се планира да трае од 2020 до почетокот на 2021 година.

Енгелбрехт верува дека возовите со батерии исто така ќе бидат корисни за климата и ќе помогнат во решавањето на проблемите на помалите железници.

Возовите на батерии во моментов се користат во тестните возења во Австрија, а се тестираат и во Германија.

Во Германија, првиот воз со водороден погон беше пуштен во употреба во септември минатата година, со што оваа скапа, но еколошки прифатлива технологија се спротивставува на дизел-возовите кои го загадуваат воздухот.

Треба да знаете
Последни објави