Search

Данската премиерка мораше повторно да ја одложи венчавката

Данската премиерка Мете Фредериксен (42) мораше повторно да ја одложи венчавката со својот партнер Бo Тенгберг, овој пат поради претстојниот самит на ЕУ во јули.

„Со нетрпение очекувам да се омажам за овој прекрасен човек, но очигледно тоа не може да биде едноставно“, објави таа на „Фејсбук“.

https://www.instagram.com/p/CByhHjTg3Zo/

„Средбата на Европскиот совет во Брисел се одржува в сабота, во јули, кога планиравме свадба … Мораме да ги промениме плановите уште еднаш“, напиша Фредериксен на „Инстаграм“.

Минатата година Фредериксен ја одложи свадбата поради парламентарните избори во Данска на 5 јуни.

Фредериксен и Бо Тенгберг се запознале во 2014 година и се свршиле во 2017 година.

„Веројатно ќе успееме да се венчаме наскоро“, наведува премиерката, заблагодарувајќи се на партнерот за неговата стрпливост.

Треба да знаете
Последни објави