Search

Данската полиција разби синџир на криумчари на оружје и дрога

Припадниците на Специјалната единица за истраги при данската полиција уапси 31 лице, со што разби синџир на голема организирана криминална група, која криумчарела, продавала и дистрибуирала огнено оружје и дрога во Европа.

Тие се товарат за криумчарење и дистрибуција на 1.650 кг кокаин. Данската полиција денеска, во акцијата наречена „Голдфингер”, која се занимава со криминални групи од Западен Балкан, изврши претрес во 40 станови, при што се пронајдени огромни количини наркотици, огнено оружје и кеш.

Истрагата е спроведена со соработка со полициските служби и обвинителствата од Германија, Холандија, Словенија, Шведска и Албанија, соопшти Европол.

Треба да знаете
Последни објави