Search

Даниел Крејг менува 20 костуми во една акциона сцена како Џејмс Бонд

53-годишниот актер треба да го глуми 007 за последен пат во филмот No Time To Die („Не е време за умирање“), кој конечно треба да излезе овој месец по бројните одложувања.

Тој открива дека менува многу костуми на Бонд при снимање акробации.

Говорејќи во новата епизода на No Time To Die: The Official James Bond Podcast, Даниел откри: „Ако имам костум што е вклучен во акциона секвенца, ми требаат 20 или 25 од нив“.

Насловната песна за новиот филм ја напиша и ја пее Били Ајлиш, која откри дека за инспирација се осврнала на почетните сцени од претходните филмови со Крејговиот Бонд, со посебен фокус на „Скајфол“.

19-годишната музичка sвезда рече: „Со години ја гледам почетната сцена од ‘Скајфол’. О Боже, многу е добра. Кога ја создававме оваа песна, ја гледавме таа сцена повторно и повторно.“

Треба да знаете
Последни објави