Search

Дане Талески е нов национален координатор за НАТО

Владата му утврди престанок на функцијата, на досегашниот национален координатор за подготовка на Република Северна Македонија за членство во НАТО, Стево Пендаровски, поради изборот за Претседател на Република Северна Македонија, согласно член 83 од Уставот, според кој должноста Претседател на Републиката е неспојлива со вршење на друга јавна функција, професија или функција во политичка партија.

На владината седница е усвоена информацијата дека до целосно полноправно членство на нашата земја во НАТО, обврските на Националниот координатор за подготовките на Република Северна Македонија за членство во НАТО ги презема Дане Талески, советник за надворешна политика на Претседателот на Владата, Зоран Заев.

Треба да знаете
Последни објави