Search

Данела со бугарско државјанство да излезе пред граѓаните да не се крие зад лажни соопштенија

Соопштение за јавност – реакција на соопштение на ВМРО-ДПМНЕ

 

Данела со бугарско државјанство да излезе пред граѓаните да не се крие зад лажни соопштенија
 
Наместо да се крие зад лажни соопштенија на нејзината партија ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска да излезе пред граѓаните и да признае дека има државјанство на Република Бугарија.
Официјални документи потврдуваат дека кандидатката на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска има бугарско државјанство.
Во документот „Удостоверение” од бугарското министерство за правда, јасно се наведува дека вицепретседателот на Бугарија со Указ од 2011 и дал на Арсовска бугарско државјанство.
Тоа е вистината која ниту едно нервозно соопштение на ВМРО-ДПМНЕ не може да ја демантира.
Цели десет години, Данела Арсовска има резервна татковина.
Таа не може да се грижи за интересите на скопјани кога има бугарско државјанство и е почесен Конзул на Република Унгарија.
Странски инсталации како Данела, кои работат директно против интересите на граѓаните нема да поминат.
Скопјани нема да дозволат некој кој е инсталација на Груевски од Будимпешта, некој кој е државјанин на друга држава, да го руши градот.
На 31 октомври, во недела, граѓаните ќе заокружат број 12, за Петре Шилегов, за да продолжи напредокот на Скопје.

Треба да знаете
Последни објави