Search

Данела Арсовска соочена со доказите од големиот скандал – била управител кога нејзините фирми направиле долг за струја од 54.000 евра

Вчера објавивме уште еден документ кој го потврдува големиот скандал со фирмите на Данела Арсовска кои не плаќале струја со години, односно не платиле над 54.000 евра.
Данела била управител на оваа компанија, Империал Данела ДООЕЛ понатаму Империјал ДООЕЛ токму во перидот кога е направен долгот.
ЕВН во 2014 констатира кражба на струја во вредност од 54.000 евра, а токму од 2013 до 2014 година, Данела била управител на оваа компанија.
Данела Арсовска ниту е чесна, ниту пак е независна, таа е иста како Груевски чија кандидатка е.
Ако не плаќала струја, не почитувала Договор и направила милионски долгови, јасно е дека исто ќе се однесува и со парите на граѓаните, со градскиот буџет и договорите на градот.
Тоа е одлика на кадрите на Никола Груевски. Тоа е одлика на ВМРО-ДПМНЕ кои за 27 години го опустошија Скопје.
Граѓаните ќе и испорачаат убедлив пораз на Данела Арсовска за ваквото нечесно, неодговорно однесување и ќе и покажат дека нема да дозволат нечесни и неодговорни поединци да го водат Град Скопје.
Треба да знаете
Последни објави