Search

Дали ја знаете причината зошто мажот треба да клекне на колена кога и нуди брак на саканата?

Традиционалното запросување се спроведува на таков начин што мажот клекнува на колена, и тогаш и дава на жената прстен.

Но како е дојдено до ова партнерот да треба да клекне? За жал не постојат потврдени теоретски извори за овој романтичен гест, но постојат неколку теории за кои се верува дека се точни.
Во средниот век, витештвото се уште не беше изумрено и формалниот начин на додворување, како една верзија од денешните врски. Клекнувањето е исто така протокол за многу церемонијални обреди и ритуали, вклучувајќи ги и оние романтични типови.
Средновековните уметнички дела и литература покажуваат витези со свиткани колена пред своите владетели, како знак на чест и почит, или како клечат пред една благородничка да го изразат своето вечно ропство и восхит.
Исто така, овој пристап може да се најде и во религијата. Во многу религии, оние кои веруваат клекнуваат на колена да ја искажат својата почит и понизност пред Бога.
Затоа, кога ќе му кажете на својот драг партнер “ДА”, во исто време, тој ви дава почит, чест и вечна љубов.

Треба да знаете
Последни објави