Search

Дали Кичеец е заштитениот сведок на СЈО за „Империја“?

За два дена истекува 30 дневниот притвор кој судот им го изрече на популарниот Боки Тредичи и неговиот партнер Зоран Милески Кичеец, а Кацарска обвинителството и Зоран Заев се обидуваат да ја лажат целокупната домашна и меѓународна јавност дека тие двајцата се сами во целата политичко-обвинителска рекетарска афера, изјави денеска Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ .

-Дури ни мало дете веќе не им верува дека пријателот на Заев Боки е толку моќен за да може да тропне на која било врата и да бара рекет од милиони евра. Четири недели не се проширува истрагата, иако сите слушнавме како Зоран Заев бил информиран за се и како ја менаџирал работата, а Катица Јанева како порачува да нема секирации бидејќи ќе биде се во ред. Епа господа ништо не е во ред. Ова е премногу срамно и понижувачки дури и кога доаѓа од Зоран Заев и Вилма Рускоска. Додека се форматираат и бришат телефони и компијутери, а Русковска одмара заедно со Јанева, а истрагата за милионските рекети ја водат медиумите и јавноста. Медиумите вчера објавија уште еден фрапантен податок, а тоа е дека Зоран Милески Кичеец бил заштитен сведок во случајот Империја. Јавно прашуваме дали е ова точно? Дали на човекот кој е осомничен за рекет, од страна на СЈО му бил доделен статус на заштитен сведок?, праша Јанушев.

Според него, доколку е така, тоа е потврда на бесрамниот мафијашки пристап на оваа власт која бескрупулозно ги злоупотребува институциите за лично богатење и вршење на политички притисоци и уцени на сите кои мислат поинаку од Зоран Заев.

-Колку криминално и подло треба да размислуваш за да креираш план во кој што надвор од законот конструираш случај, наоѓаш заштитен сведок и потоа преку него изнудуваш пари од оние кои си ги таргетирал. Зоран Заев и СДСМ, за жал институциите ги претворија не само во легло на криминалот, туку ги ставија целосно во служба на мафијата. Целата домашна и меѓународна јавност прави притисок  за случајот Рекет и повикуваат на одговорност за Јанева и Заев, а Русковска  наместо да ја прошири истрагата си тера одмор.Катица Јанева е главниот дел од сложувалката, за разоткривање на целата рекетарска мрежа која оди директно до врвот на власт.

До Зоран Заев. Доколку Русковска во најбрз можен рок не побара притвор за Јанева, ќе биде директно одговорна дека ја остава Јанева да влијае на сведоци и уништува докази. Дополнително се отвора опасност истата да го повтори делото или да избега. Јанева наместо на плажа треба да заврши во притвор. Таа е личноста без кој овој рекет не би бил воопшто можен. Дополнително истрагата мора да се продолжи и кон нарачателите во власта, за кои веќе подолг период пишуваат македонските медиуми.

Потребна е реакција веднаш. ВМРО-ДПМНЕ бара Заев да собере храброст и да не ја турка повеќе државата кон безизлез, да си даде оставка и Собранието да се самораспушти. Дополнително бараме ЈО кое ќе биде финансиско независно и отпорно на политички влијанија и уцени. Потребна е обнова на Македонија, а Заев мора да си замине, изјави Јанушев.

Треба да знаете
Последни објави