Search

Дали Кина губи интерес за холивудските филмови?

Во услови кога пандемијата доведе до глобален прекин на забавната индустрија и затворање на киносалите во САД, веста дека „Брзи и бесни 9“ собра 1,2 милијарди јуани (249 милиони долари) на киноблагајните во Кина на почетокот на јуни преставува добредојден поттик за болната холивудска индустрија.

Сепак, оваа навидум блескава цифра е далеку од заработката на кинескиот боксофис за претходните филмови на хит-серијалот. Осмото продолжение заработи 2,7 милијарди јуани во 2017 година, а седмото, 2,4 милијарди јуани (2015).

Настапот на франшизата во Кина е показател за моменталниот тренд на холивудските филмови кои брзо губат привлечност кај кинеската публика.

Минатата година, домашните филмови донеле 84% од вкупната заработувачка на киноблагајните во износ од 20,4 милијарди јуани, според податоците на China Film Administration (Државна управа за филм).

Треба да знаете
Последни објави