Search

Дали ЕУ за последен пат ќе ги помести стрелките на часовникот?

Европската комисија денеска го објави предлогот за укинување на полугодушното поместување на саатот во ЕУ во 2019 година, давајќи им на земјите членки слобода сами да одлучат дали сакаат да го задржат летното или зимското сметање на времето.

„Мора да престанеме со тоа поместување на стрелките на часовникот“, рече претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, додавајќи дека земјите членки на ЕУ ќе може да изберат дали ќе преминат на т.н. летно сметање на времето во текот на целата година или ќе се вратат на она што беше пред воведувањето на т.н. зимско време.

Во анкетата на ЕК спроведена по ова прашање од јули до август учествуваа рекордни 4,6 милиони луѓе и мнозинството се изјаснија против поместувањето на стрелките на часовникот.

„Мора да ја почитуваме желбата на граѓаните“, рече Јункер.

Последното задолжително поместување на саатот на летно сметање на времето би било во недела на 31 март, 2019 година. Државите членки кои сакаат да се вратат на зимско сметање на времето би можеле да направат уште едно, последно полугодишно поместување на стрелките на часовникот во недела на 27 октомври, 2019 година. По тој датум, нема веќе да биде можно поместување на времето.

Комисијата предлага укинување на полугодишното поместување на времето за цела ЕУ и поствува јасна и кратка временска рамка за да стапат на сила промените и исто така поттикнува консултации на национално и европско ниво за да се осигура координиран пристап меѓу земјите членки.

Треба да знаете
Последни објави