Search

Дали Еди Рама ги затвори обложувачниците поради брат му?

Отако Рама ги затвори домашните обложувачници, во Албанија обложувањето ќе биде можно само низ обложувачницата на неговиот брат Олси Рама и Државната лотарија на Албанија, пишува „Дневни лист“.

Со новиот закон на Владата на албанскиот премиер Еди Рама обложувачниците во Албанија беа затворени на 1 јануари годинава. Со објаснување дека се работи за потег чија цел е грижа за општеството и борба против зависноста и криминалот, клуч на брава е ставен на 4 300 наплатни места, додека без работа останаа неколку илјади вработени. Тавкиот потег го поздравија и одредени политички структури и во Босна и Херцеговина, посебно во Федерацијата БиХ, каде во последните години е активна иницијатива против домашните организатори на игри на среќа, објави „Дневни лист“.

Регионални медиуми пишуваат дека премиерот Еди Рама ги затворил обложувачниците во Албанија, не поради грижа за општеството и броба против зависноста и криминалот, туку поради нешто сосема друго.

„Дневни лист“ пишува дека обложувачницата „Баст Арена“ е единствена во Албанија која има лиценца за приредување на игри на среќа на интернет. Законот за игри на среќа ѝ дозволува на Државната лотарија на Албанија да ангажира друг организатор за игри на среќа на интернет, а уште од 2015 година, 30-годишната концесија за надзор над приредувањето игри на среќа албанската Влада ѝ ја даде на приватната фирма „МЦ Нетворкинг“ која е во сопственст на Ендри Мекси, деловен партнер на братот на Еди Рама, Олси Рама.

Според тоа, пишува „Дневни лист“ сè погласно се зборува дека Рама со обложувачницата на брат му „Баст Арена“ во соработка со Државната лотарија на Албанија, а со одобрение на „МЦ Нетворкинг“, на овој начин обезбедил монопол на албанскиот пазар на игри на среќа.

Треба да знаете
Последни објави