Search

Дали долгот од 400.000 евра за кампањата е причина зошто ВМРО-ДПМНЕ го кочи изборот на директорот на Државниот завод за ревизија

Молкот во ВМРО-ДПМНЕ е индикатор за прикривање на голем скандал, нова афера поврзана со начинот на финансирање на изборната кампања. Јавно објавените информации, финансискиот извештај, покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ должи 400.000 евра за кампањата на Гордана Сиљановска.

Тоа е спротивно на  член 71 од Изборниот законик каде е наведено дека сите трошоци за кампањата исклучиво треба се покријат од средствата на таа сметка. Затоа молчи ВМРО ДПМНЕ.

Дали токму овој незаконски долг од 400.000 евра е причината што ВМРО-ДПМНЕ го кочи изборот на прв човек на Државниот завод за ревизија? Се плаши ли ВМРО-ДПМНЕ дека независна институција ќе поведе постапка и ќе ги истражи сите индиции за нивното непочитување на законот? Одговорност мора да има. Надлежните институции мора да извршат детални анализи и да излезат со одговори пред јавноста.

Институциите се на потег. За овој нов скандал во ВМРО-ДПМНЕ одговороност мора да има.

Треба да знаете
Последни објави