Search

Далас Каубојс останува највреден клуб во светот

Далас каубојс од професионалната НФЛ лига во американски фудбал шеста година по ред ја предводи листата на највредни спортски екипи, според истражувањето на специјализираниот финансиски магазин Форбс.

Според Форбс, вредноста на Далас каубојс се проценува на осум милијарди долари, што е за дури 40 отсто повеќе од ланската вредност.

И на второто и третото место на листата на Форбс се екипи од НФЛ лигата.

Њу Ингланд патриотс се втори со вредност која е проценета на 6.4 милијарди долари, а актуелниот НФЛ шампион Лос Анџелес рамс се на третото место со 6.2 милијарди долари.

Меѓу првите пет највредни спортски екипи се и бејзбол клубот Њујорк Јенкис (шест милијарди долари) и НБА лигашот Њујорк Никс (5.8).

Највреден европски клуб е европскиот фудбалски шампион Реал Мадрид, кој е на 13. место со 5.1 милијарди долари.

Треба да знаете
Последни објави