Search

Давидовски се искачи на подиумот во WTCR и си обезбеди место меѓу легендите на авто-спортот

Македонскиот автомобилист Виктор Давидовски се искачи на подиумот по последната трка од WTCR, која се возеше во Саудиска Арабија. Македонскиот возач трката ја заврши на второто место, зад неговиот клупски колега Жил Магнус, а пред новиот светски првак Микел Аскона. Со овој успех Давидовски си обезбеди место меѓу легендите на авто спортот.                    Давидовски освои бодови и на првата трка каде беше осмопласиран, а сега отиде чекор напред покажувајќи дека може уште повеќе да покаже на патеката. Ова е голем успех за Давидовски кој цела трка зад себе го имаше новокрунисаниот светски првак Микел Аскона, и не му дозволи да го мине.

                                                                                                                                                                                   Со настапот во Саудиска Арабија, македонскиот возач испиша нова историја авто-спортот, бидејќи стана првиот Македонец што освоил бодови во WTCR  и се искачил на подиумот. Претходно Давидовски беше првиот Македонец што победил на трка од TCR Europe и го освои Diamond Cup.

Треба да знаете
Последни објави