Search

Дабл-дабл за Димитријевиќ во поразот на Хувентуд кај Бургос

Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ имаше дабл-дабл учинок во поразот на неговиот Хувентуд во 18. коло од шпанскиот шампионат кај Бургос 92-82.

Димитријевиќ беше втор стрелец во Хувентуд зад Препелиќ и реализираше вкупно 17 поени (0/2 за три, 7/9 за два и 3/3 за еден поен). Освен тоа имаше и одлични десет асистенции, три скока за вкупно 29 минути на теренот.

Хувентуд има четири порази во последните пет кола во Шпанија и се наоѓа на 12 позиција во Ендеса лигата.

Треба да знаете
Последни објави