Search

Г.г. Стефан на средба со поглаварите на верските заедници

Во манастирскиот комплекс „Свети великомаченик Георгиј” во Криви Дол попладнево се одржува средба на архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан со поглаварите на верските заедници, застапени во Уставот на Република Македонија.

На средбата присуствуваат бискупот скопски и епарх струмичко-скопски Киро Стојанов, поглаварот на Исламската верска заедница, Реис-Ул-Улема ефенди Сулејман Реџепи, претседателот на Еврејската заедница во Република Македонија, Берта Романо Николиќ и Михаил Цеков од Евангелско-методистичката црква.

Средбата, поглаварот на МПЦ-ОА ја организира по повод големите христијански празници.

Треба да знаете
Последни објави