Search

Гутереш ќе се сретне со Путин на СПИЕФ

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, планира да се состане со рускиот претседател Владимир Путин на маргините на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург (СПИЕФ), пренесува ТАСС.

„За време на мојот престој, ќе се сретнам со претседателот Путин и со други високи руски функционери”, рече Гутереш. „Имам намера да разговарам за клучните прашања што сите нас ги засегаат, вклучувајќи ги и одржливиот развој, климатските промени, предизвиците за мирот и безбедноста низ целиот свет и за борбата против тероризмот”.

Според Гутереш, Русија е основачка членка на Обединетите Нации, како и постојана членка на Советот за безбедност и смета дека многу е важно што има редовни можности за дијалог со раководството на земјата.

Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург ќе се одржи на 6-8 јуни под мотото „Креирање агенда за одржлив развој”. Форумот е организиран од фондацијата „Росконгрес“.

Треба да знаете
Последни објави