Search

Гутереш: Само поблиската соработка може да ги реши предизвиците со кои се соочува светот

Само поблиската и поефикасна соработка може да ги реши бројните предизвици со кои се соочува светот, нагласи денеска генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш на отворањето на сесијата, по повод 75-годишнината од ОН.

Тој додаде дека геополитичките тензии ескалираа од основањето на ОН и дека нуклеарното оружје стана голема опасност.

Според него, најновите настани, а особено пандемијата на новиот коронавирус, ја покажаа целата ранливост на светот, поради што земјите мора да се обединат за да ги решат заедно проблемите.

– Меѓународната соработка е клучна за соочување со реалноста. Солидарноста е уште попотребна, рече Гутереш.

Зборувајќи за основањето на ОН, тој рече дека требало да се случат две светски војни и милиони жртви со цел светските лидери да се договорат за соработка и владеење на правото, што донесе резултати.

– Пред нас се многу предизвици, како што се климатските промени, зголемениот глад низ целиот свет, но и зголемената омраза, заклучи Гутереш.

Треба да знаете
Последни објави