Search

Гутереш: Планот на Нетанјаху да анектира делови на Западниот брег е погубен за регионалниот мир

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш изрази загриженост поради планот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да анектира делови на Западниот брег доколку повторно биде избран на изборите.

Како што наведе, ваквиот потег би бил нелегален и ќе ја поткопа можноста за регионален мир.

– Ваквите чекори, доколку бидат спроведени, ќе доведат до сериозно кршење на меѓународното право. Тоа ќе биде погубно за можноста за обновување на преговорите, како и за регионалниот мир, рече Гутереш.

Треба да знаете
Последни објави