Search

Гутереш: Пандемијата покажа дека човештвото не успеа во меѓународната соработка

Човештвото не го помина тестот за новата пандемија, чии жртви веќе се приближуваат до милион, нагласи денеска генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, говорејќи на состанокот на Советот за безбедност на ОН.

– Пандемијата очигледно е тест за меѓународна соработка во која не успеавме. Вирусот веќе уби речиси милион луѓе ширум светот, погоди повеќе од 30 милиони и е надвор од контрола.

– Тоа е последица на недостиг на глобална подготвеност, интеракција, единство и солидарност, потенцираше Гутереш.

Според него, новиот коронавирус е предупредување за акција.

– Коронавирусот стана црна сенка за целиот наш свет. Но, тој исто така стана предупредување што треба да не поттикне на акција. Немаме друг избор. Или ќе се обединиме во рамките на глобалните институции што ја исполнуваат нивната цел, или ќе бидеме уништен од судири и хаос,  смета Гутереш.

Треба да знаете
Последни објави