Search

Гутереш му порача на Хафтар дека не може да има воено решение за конфликтот во Либија

Генералниот секретар на Обединетите Нации Антонио Гутереш му порача на командантот на либиските источни сили Калифа Хафтар дека не може да има воено решение за конфликтот започнат во април минатата година против владата поддржана од ОН во Триполи, изјави денеска портпаролот на ОН, Стефан Дижарик.

Дижарик рече дека Хафтар го повикал Гутереш телефонски и разговарале за актуелната состојба во земјата.

Во таа прилика, Гутереш рече дека решението може да биде само политичко и повика на преговори меѓу двете страни во рамките на Либиската заедничка воена комисија.

– Гутереш разговараше и со премиерот на владата во Триполи, Фајез Серај, кој посочи на својата посветеност за дијалог во рамките на Либиската мешовита воена комисија и изрази интерес за политичко решение за ситуацијата базирано на изборите, рече Дижарик.

Гутереш исто така рече дека е изненаден од откривањето на масовна гробница во делот на територијата што беше одземена од силите на Хафтар и ја истакна потребата за целосно почитување на законот за човекови права. 

Треба да знаете
Последни објави