Search

Гутереш го испраќа Жан Арно за личен пратеник во Боливија

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш одлучи дипломатот Жан Арно да го испрати за личен пратеник во Боливија, во обид да ги поддржи напорите за изнаоѓање морно решение за политичката криза во земјата.
Портпаролот н ОН, Стефан Дижарик изјави дека пратеникот  денеска ќе отпатува за Боливија.
Арно досега бил специјален претставник на ОН во Колумбија, Грузија, Авганистан , Буринди и Гватемала.

Дижарик кажа дека Гутереш „останува длабоко загрижен заради случувањата во Боливија” и дека „ го повторува апелот до сите Боливијци да се воздржат од насилство и да покажат крајна воздржаност”.

Портпаролот на ОН наведе дека пред именувањето на Арно биле одржани бројни консултации со различни страни.

Треба да знаете
Последни објави