Search

Гутереш: Ако големите емитери на штетни гасови не успеат, тогаш ништо нема да успее

– Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш денеска на климатскиот самит на Обединетите нации ги охрабри големите светски економии да се обврзат на поамбициозна наклонетост за намалување на емисијата на стакленички гасови.

– Големите емитери треба да разберат дека нивната улога е од суштинска важност, затоа што ако тие не успеат, ништо нема да успее. Ако продолжиме како сега, осудени сме на пропаст, рече Гутереш.

Генералниот секретар на ОН го поздрави потегот на Европската унија за усвојување нов „Европски зелен договор” за преминување на економијата кон ниско ниво на јаглерод.

– Секогаш е важно некој да почне, рече Гутереш.

Според него, ако Европа го направи тоа, тогаш тоа ќе биде важен придонес и другите да размислат за таква посветеност.

– Ако никој не почне, тогаш нема шанси, истакна Гутереш.

Треба да знаете
Последни објави