Search

Гурбиндо: Во Скопје не го видов проектот што ми беше најавуван во преговорите

Шпанскиот  ракометен репрезентативец Едуардо Гурбиндо кој летово пристигна во редовите на македонскиот и двократниот европски првак Вардар како големо засилување, не дочека да почне сезоната одлучи да си замине. Одигра само неколку контролни натпревари, а како причина за брзата разделба со „црвено-црните“ Гурбиндо за шпанските медиуми наведе дека не го препознал проектот по пристигнувањето во Скопје кој му бил ветуван во преговорите. Неизвесноста која летово ја наметна ЕХФ со барањето на еден милион евра депозит од Вардар за да учествува во Лигата на шампионите ги поремети плановите. Поради тоа Гурбиндо побарал раскин на договорот кој на крајот го добил и наскоро се сели во Динамо Букурешт.

– Кога преговаравме за моето доаѓање ми кажуваа едни работи за Вардар, ми претставуваа сериозен проект. Но, кога дојдов во Скопје, тоа што го видов е сосема различно од она што ми беше најавувано. Трансферот во Динамо Букурешт e договорен и се чека само на некои документи за истиот да биде официјализиран – изјави Гурбиндо.

Треба да знаете
Последни објави