Search

„Гугл“ призна дека „заборавил“ да им каже на корисниците за својот скриен шпионски микрофон

Технолошки гигант „Гугл“ се извини затоа што „заборавил“ да им каже на корисниците дека инсталирал скриен микрофон во својот домашен безбедносен систем „Нест секјур“, пренесува РТ/

Системот „Нест секјур“ на „Гугл“ им овозможува на корисниците да поврзат десетици детектори за движење, магнетни аларми за врата и безбедносни камери во една централизирана контролна единица. Единицата го следи домот на корисникот, испраќајќи предупредувања ако нешто не е во ред. Во нејзините првични технички спецификации не се споменува ништо за можните шпионски уреди скриени во него.

Гугл“ предизвика вознемиреност кога претходно овој месец објави дека сопствениците може да го користат нивниот„Нест секјур“ за да му постават прашања на „Гугл асистент“ од типот „како да го активирам мојот аларм”, дали денес треба да носам чадор?” или дали го шпионирате секое мое движење? “

Дури и по објавувањето на интеграцијата на „Гугл асистент“, компанијата не го спомна скриениот микрофон. Но по негодувањето од сомничавите корисници и застапници за заштита на приватноста, „Гугл“ призна дека во „Нест секјур“ има вграден микрофон, нагласувајќи дека тоа не е некоја голема работа.

Никогаш не беше во план микрофонот во уредот нда биде тајна и требаше да биде наведен во техничките спецификации. Тоа е наша грешка. Микрофонот никогаш не беше вклучен и се активира само кога корисниците конкретно ја активираат таа опцијата.

Техничкиот гигант оттогаш ги измени техничките спецификации на уредот за да го вклучи микрофонот. Сепак, корисниците на уредот и оние кои се плашат да го поканат „Големиот брат“ во своите спални соби „паднаа“ на објаснувањето на „Гугл“.

Дури и ако се занемари фактот дека не им било кажано на корисниците за микрофонот, кој ќе му верува на „Гугл“ за да му дозволи пристап до своите домови?

Впрочем, ова е истиот „Гугл“ чија програма „Стрит вју“ сосем “случајно” складираше податоци од вај-фај мрежите покрај кои возеле автомобилите помеѓу 2007 и 2010 година. Истиот „Гугл“ чија сестринска компанија инсталираше илјадници бесплатни вај-фај киосци низ Њујорк, кои потенцијално ги следеа движења;та на корисниците и истиот „Гугл“ кој без согласност користи технологија за препознавање на лицата на корисниците.

Можеби најстрашното е интерното видео што „Гугл“ го објави лани, опишувајќи ја иднината во која „Гугл“ собира податоци за корисниците и ги користи за да им помогне да се однесуваат на начин кој ги одразува вредностите на Гугл”.

Треба да знаете
Последни објави