Search

Гугл планира да инвестира три милијарди евра во Европа

Компанијата Гугл планира да вложи три милијарди евра за ширење на своите центри за податоци во Европа во следните две години. Генералниот директор на Гугл, Сандар Пичаи изјави дека со тоа вкупните вложувања на компанијата во интернет инфраструктурата во Европа од 2007 година ќе изнесуваат 15 милијарди евра.

На средбата со финскиот премиер Анти Рине во Хелсинки, Пичаи истакна дека инвестициите ќе бидат поддршка за 13.000 работни места во ЕУ секоја година.

Тој нагласи дека Гугл „прави уште еден голем чекор правејќи најголемо снабдување со обновлива енергија во историјата” – спогодби кои вклучуваат 18 нови енергетски договори, од кои десет во Европа. 

Треба да знаете
Последни објави