Search

Гугл и ја укина лиценцата на компанијата Хјуавеи

Американскиот Гугл и ја суспендираше лиценцата на компанијата Хјуавеи (Huawei), што значи дека кинескиот производител на мобилни телефони ќе остане само на основната верзија на оперативниот систем Андроид. Претходно во четвртокот, администрацијата на Трамп ја стави Хјуавеи на црната листа на компании, објавија агенциите.

Овој потег драстично ќе го попречи бизнисот на Хјуавеи на пазарот на паметни телефони надвор од Кина, бидејќи со оваа одлука кинескиот технолошки гигант ќе го изгуби пристапот до надградбите на оперативниот систем на Google.

Според Ројтерс, следната верзија на Андроид паметните телефони исто така ќе го изгуби пристапот до популарни услуги како Google Play Store, Gmail и Јутјуб апликациите.

,,Хјуавеј ќе може да ја користи само јавната верзија на Андроид и нема да добие пристап до апликациите и услугите на Гугл”, велат извори за Ројтерс.

Американската администрација, предводена од претседателот Доналд Трамп во четвртокот го стави Хјуавеј на црната листа.

Треба да знаете
Последни објави