Search

Гувернерот на Џакарта позитивен на Ковид-19

Гувернерот на Џакарта, Аниес Басведан денеска изјави дека е позитивен на коронавирус.

Тој е последен во низата политичари и официјални претставници на Индонезија, кој е заразен во момент кога земјата се соочува со спречување на ширењето на коронавирусот.

Басведан (51) во видео снимка на Инстаграм истакна дека нема симптоми и се наоѓа во самоизолација.

– Сакам да потсетам дека Ковид-19 и понатаму е присутен и може да допре до секого, наведува гувернерот.

На веб страницата на главниот град на Индонезија е објавено дека е позитивен и неговиот заменик Ахмад Риза Патрија. Претходно со коронавирусот беа заразени и министрите за транспорт и за религија.

Индонезија, каде живеат 270 милиони луѓе, минатата недела забележа три рекордни дневни порасти на бројот на новозаразени, а просекот бил 1.249 случаи дневно. Во земјата досега се потврдени над 530.000 заболени, а починале речиси 17.000 лица.

Треба да знаете
Последни објави